10 април 1953, прикажан бил првиот 3D филм во боја
На денешен ден во киното „Парамаунт Тиатр“ во Њујорк бил премиерно прикажан филмот „The House of Wax“, првиот колор 3D филм.
Снимен од Warner Brothers, филмот бил прв снимен од голема компанија користејќи тридимензионален, или стереоскопски, филмски процес, а воедно и еден од првите хорори снимени во боја.
Режијата била на Андре Де Тот и бил римејк на филмот „Mystery in the Wax Museum“ од 1933 година. Во главната улога бил Винсент Прајс кој го глумел ликот на Хенри Џерод, а глумеле и и Филис Кирк и Чарлс Бучински, кој подоцна се прославил како Чарлс Бронсон.
Тридимензионалното снимање било изведено користејќи две камери или камера со единечна двојна леќа за да се доловат и левата и десната страна од окото на гледачот.
Филмот направил бум во филмската индустрија заработувајќи за тоа време неверојатни 4,3 милиони долари на боксофисот, по што следувала наезда на 3D филмови.