Мобилни

10 години од првиот iPhone: Стив Џобс го најави со изјавата „најдоброто допрва доаѓа"

9. јануари 2017 - 14:44 | Д.П.

Претставувајќи го првиот iPhone пред десет години, Стив Џобс изјави - iPhone е револуционерен и магичен производ. Тоа беше еден од најлегендарните моменти во историјата на Apple, а таа презентација му ја обележа кариерата. Продажбата на првиот iPhone стартуваше шест месеци подоцна, а до денеска се продадени повеќе од една милијарда iPhone смартфони. 

Денеска iPhone e најуспешен производ на Apple бидејќи годишно му носи околу 60 проценти од приходите. Исто толку важен сегмент е и App Store кој пристигна во 2008 година со неколку стотини апликации, а денеска на корисниците им се достапни околу 2,2 милијарди апликации. 

Најновите податоци откриваат дека App Store само во минатата година на девелоперите им донел околу 20 милијарди долари, а од 2008 година до денес, вкупно 60 милијарди долари. 

Првиот iPhone имаше 3,5 инчен екран со резолуција од 320х480 пиксели, само 128 MB RAM, како и процесор од 400 MHz, а камерата снимаше фотографии од 2 мегапиксели. Телефонот немаше 3G поддршка. 

Во 2008 година во јули, беше претставен iPhone 3G, а до денес се претставени вкупно 10 модели на iPhone со екрани до 5,5 инчи. 

Експертите сметаат дека Apple беше конзервативен во поглед на iPhone 7 бидејќи најдобрите работи ги чуваат за јубилејното издание на смартфонот. 

Ако се придржуваат до досегашната практика, новиот iPhone треба да се појави во септември. 

Loading the player...

 

Коментирај