10 лоши навики од кои мора да се ослободите за да ослабете

Вежбате напорно и внимавате на исхраната, но килограмите едноставно не одат надоле? Веројатно правите некоја од овие чести грешки. Доколку се препознаете во некоја од наведените навики, исправете ја грешката и дојдете до посакуваните резултати.

Јадете премногу

Ова е едноставен заклучок. Повеќето луѓе не знаат колку протеини, јаглехидрати и масти содржи храната која ја консумираат, па често јадат и повеќе отколку што им е потребно. Не мора да внимавате секој ден колку јадете, но доколку истата грешка ја повторувате секој ден, ќе дојде до несакано дебелеење.

Не јадете доволно протеини

Протеините имаат многу повеќе функции од обновувањето и поттикнувањето на растот на мускулната маса. Поради оваа причина, жените често ги избегнуваат, но добро е да се знае дека протеините даваат чувство на ситост, па така за време на јадењето ќе внесете многу помалку калории.

Пиете премногу оброци

Шејковите и смутијата се чест избор на оние кои ќе се одлучат вредно да вежбаат и да следат диети. Но, доколку сакате да ослабете, секогаш е подобро да џвакате храна бидејќи и на тој начин ќе согорите некоја калорија. Протеинските шејкови и понатаму се добар избор за меѓуоброци, но не претерувајте.

Мислите дека се храните здраво

Колку пати сме чуле дека свежото овошје е здраво? Да, тоа е вистина, но доколку претерате, ќе внесете многу шеќери и калории. Внимавајте на внесот на калории и кога јадете здрава храна.

Не вежбате доволно интензивно

По некое време поминато во теретана, ќе сфатиш дека постигнуваш резултати без напредок. За постигнување на фит форма, потребно е да направите и повеќе од сопствениот максимум. Наредниот пат направи вежба повеќе, земи потежок тег или направи повеќе повторувања за помалку време.

Премногу кардио вежби

Многу луѓе поминуваат многу време правејќи кардио вежби, но не постигнуваат резултати. Премногу кардио тренинг води до претерано создавање на кортизол (стероиден хормон) што води до таложење на мастите на стомакот и бројни здравствени проблеми. Почнете со еден до два тренинзи неделно, а потоа по малку продолжете ги, уфрлете по некоја нова вежба и додадете уште некој кардио тренинг доколку резултатите почнат да стануваат бавни.

Не се ослободувате од стресот

Кога си под стрес, телото произведува кортизол поради кој се насобираат маснотии во телото. Повеќето луѓе се под стрес речиси цел ден, што значи дека нивото на кортизолот им е секогаш високо. Таквата состојба води до зголемување на мастите дури и доколку се држат до диета и вежбаат.

Не спиете доволно

Како и кај проблемите со стресот, и недостатокот на одмор го зголемува нивото на кортизол. Потребни ни се најмалку 7 часа сон за телото да функционира нормално.

Не пиете доволно вода

Водата го забрзува метаболизмот, го чисти организмот и го намалува апетитот. на вашето тело му е потребна вода, па имајте секогаш шишенце вода до себе.

Не сте упорни

Доколку не направите промени, нема да се промени ни вашето тело. Треба да бидете упорни и доследни за да влезете во фит форма и да ги остварите вашите цели.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Здравје

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more
 

Магазин

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Читај повеќе