Кон крајот на секоја година се составуваат листи на најразлични теми, по најразлични критериуми, а светот на технологијата не е исклучок.
Технолошката компанија Apple направи листа на најсимнувани бесплатни апликации за изминатата 2019 година и ја сподели со своите корисници.
Прва на листата е апликацијата за Youtube, која ја држи оваа позиција веќе втора година по ред.
На второ место е Instagram, а на трето Snapchat.
Можеби најголемо изненадување на листата за 2019 година е апликацијата TikTok која во период од само една година забележа скок од 16-тото на високото четврто место.
Листата на 10 најсимнувани бесплатни апликации за iPhone во 2019 година изгледа вака:
YouTube
Snapchat
TikTok
Messenger
Gmail
Netflix
Google Maps
Amazon