10 причини зошто е добро да бидете сингл од 20 до 30 години

Периодот од 20-тата до 30-тата година  е многу важна деценија во вашиот живот: се осамостојувате, почнувате да градите кариера, ги зацврстувате пријателствата.

Ова е исто така одлична прилика да се запознаете себе си, што сакате од себе и од животот, а тоа можеби подобро ќе го направите ако не сте во врска која би влијаела врз вашето формирање и избори.

Ако спаѓате во оваа старосна група и сте сингл, нема потреба да очајувате, ова се 10 причини зошто сте во одлична позиција:

Чувство на независност

Покрај тоа што ќе се отселите од родителскиот дом, со тек на време ќе научите дека не ви е потребна постојана интеракција со други луѓе. Ќе ги откриете предностите на тоа да бидете сами со себе и да одговорите на вашите најискрени потреби.

Без оправдувања

Веќе немате потреба да се објаснувате, оправдувате или да полагате сметки некому. Сите ваши постапки почнуваат и завршуваат со вас, а тоа е одличен начин да се запознаете себе си и да видите дали носите правилни одлуки.

Уживање во односите со другите

Откако ќе поминете квалитетно време со себе, ќе почнете повеќе да го цените времето поминато со другите. Ќе станете повеќе благодарни за нештата што произлегуваат од вашите односи (со семејството, пријателите, колегите) и повеќе ќе уживате во времето поминато со нив.

Одмор од постојаното трудење

Да не се лажеме, врските бараат многу работа. Кога ќе ја додадете тежината на грижата за партнерот на сите други работи што се обидувате да ги правите во овие клучни години, функционирањето едноставно станува невозможно. Најголемата штета ќе ја претрпите вие. Кога сте вие најважната личност во вашиот живот, точно знаете кога и каде да ја насочите енергијата.

Не ви треба ничие одобрување

Во овие години почнувате да живеете сами и се „ослободувате“ од одобрувањето на родителите. Кога сте во врска, свесно или несвесно, барате одобрување од партнерот за нештата што ги правите. Иако е добро да побарате помош или совет, сепак тие одлуки се однесуваат на вас и само на вас. Потпрете се на себе и своите инстинкти - начинот на кој ги формирате одлуките во овие години ќе се одрази понатаму во вашиот живот.

Регенерација

Кога сме постојано опкружени со луѓе, во нив вложуваме многу енергија. Се обидуваме да ги усреќиме другите, да ги насмееме, да се вклопиме во средината, да реагираме на неа. Времето поминато со себе ќе ве регенерира, ќе ви донесе мир, ќе ве одмори од исцрпувачките интеракции со другите луѓе и ќе ве подготви да бидете продуктивен член на средината следниот ден.

Зголемена продуктивност

Како надоврзување на претходната точка, „самувањето“ значи и повеќе слободно време. Тоа време може да го искористите за одмор и релаксација за да бидете поспособни да ги извршувате своите обврски, но и за збогатување на вашите вештини, знаења и способности што ќе ве направи уште попродуктивни во вашата работа.

Во допир сте со своите чувства

Ова се годините кога треба да се запознаете себе си. Да бидете сингл не значи дека не треба воопшто да градите некакви партнерски врски, но треба да ги истражите своите емоции, потреби и стравови и да одговорите на нив пред сѐ за себе. Ако не се сакате и прифаќате себе си, ќе ви биде многу потешко да функционирате во врска кога ќе дојде време за тоа.

Го правите она што сакате вие

Нема веќе компромиси. Вашите желби се на прво место. Вие сте најважни. Најдете кои се работите што ве прават среќни и препуштете се на убавините на животот.

Повеќе размислувате за животот

Самувањето нуди единствена и идеална прилика да размислувате за животот и да се фокусирате на насоката во која сакате да ви тече животот. Има голема веројатност да се изненадите себе си од идеите и предизвиците што ќе си ги поставите сега кога го имате цело ова време и енергија на располагање.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе