10 работи кои треба да ги знаете пред бракот

Годините не се пресудни, но се важни

Истражувањата покажале дека луѓето кои стапуваат во брак по 23 години, имаат 30% помалку шанси за развод. Колку подолго чекаат паровите да се венчаат или да почнат да живеат заедно, толку бракот им бил посреќен, велат стручњаците.

Фазата на медениот месец не трае засекогаш

Според истражувањата, романтичните чувства кон партнерот почнуваат да се намалуваат по периодот од првата година. Психологот Хелен Фишер вели дека ова се случува од еволуциски причини бидејќи е „многу исцрпувачки за организмот да се фокусира само на една личност”. Ова не значи дека луѓето после тоа повеќе не се сакаат или почитуваат, туку едноставно не се идеализираат еден со друг.

Компатибилност на неколку нивоа

Би требало да знаете дека партнерите може да бидат компатибилни на повеќе начини, а психологот Ерик Берн издвојува три начини на кои можете да го разберете партнерот.

Важно е: 1) дали делите исти вредности и погледи кон светот, 2) дали ви е забавно заедно, дали можете да бидете спонтани, дали партнерот ви е физички привлечен и 3) дали како пар сте добри во решавање на заедничките проблеми.

Бракови помеѓу пријателите

Истражувањата покажуваат дека најуспешни бракови се оние кои се изградени на пријателство. Ова е важно затоа што баш по почетната занесеност со партнерот останале убавите чувства и меѓусебната почит.

Разлика во години

Колку разликата е поголема, толку се поголеми шансите за развод, покажува статистиката. Овие податоци исто така говорат дека со секоја година разликите се зголемуваат шансите за развод за три отсто. Треба сепак да се напомене дека тоа не е никакво правило.

Среќа поради успехот на партнерот

Доколку се радувате на успехот на својот партнер, ќе имате подобра и посреќна врска.

Домашни работи

Колку и да звучи чудно, повеќето испитаници велат дека поделбата на домашните работи е услов за успешен брак. Со ова не се мисли да ги миете садовите наизменично, туку да ги поделите работите така што секој има свои задолженија во одржувањето на домот.

Никогаш нема совршено да го запознаете партнерот

Кога сте во врска со некого неколку години, мислите дека знаете сè таа личност. Вистината е дека веројатно не веројатно не ја познавате толку добро како што мислите.

Заедничко живеење како тест на врската

Доколку се вселувате заеднички за да ја тестирате врската, веројатно сте свесни дека не сте 100% сигурни во успехот на врската. Психолозите велат дека повеќето од паровите кои започнуваат заеднички живот за да ја тестираат врската, всушност ја знаат „оценката” на врската, но се надеваат дека со време ќе се поправи.

Колку се цените меѓусебно

Паровите кои се ценат меѓусебно остануваат подолго заедно. Физичката убавина ќе помине, но вредноста на вашиот партнер како личност и неговото однесување кон вас ќе остане и поради тоа ќе го сакате.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Љубов и секс

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе