10 работи што треба да ги знаете за Marketing Kingdom (Скопје)

На само 2 недели пред Marketing Kingdom Skopje, кој се одржува на 30 септември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, сакаме да споделиме со вас некои интересни факти за најочекуваниот маркетинг-настан во Македонија оваа година. 

1. Marketing Kingdom Skopje е првиот настан во Македонија кој вклучува презентации од светски гуруа за маркетинг од Shazam, Rolls Royce Motor Cars, Visit Britain, Coca-Cola, SAP и VISA.

2. Настанот вклучува и интерактивни презентации од Патрик Џефсон, генералниот секретар на принцезата Дијана и Мери Џо Џејкоби – единствената деловна личност во светот што работела за два претседатела на САД, Кралицата на Велика Британија и премиер на Велика Британија. А да, и Обама лично ја назначи да управува со кризата во BP America, за време на пролевањето нафта во Мексиканскиот Залив.

3. Со над 250 делегати од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и Косово, Marketing Kingdom Skopje нуди единствена можност за склопување нови контакти и ширење познанства со некои од најиновативните експерти за маркетинг во регионот.

4. За да ја задоволиме огромната побарувачка на нашите идни маркетари, на 29 септември на Економскиот факултет во Скопје ќе се одржи Студентското издание на Marketing Kingdom Skopje, кое ќе вклучува презентации од SAP, Coca-Cola, Rolls Royce и Shell.

5. Marketing Kingdom Skopje ќе биде и местото кaде што македонските професионалци за односи со јавност и комуникации ќе можат за првпат да ја купат „Тајните на светските PR-експерти“, првата книга на P World  за односи со јавноста, која содржи прилози  од 12 првокласни гуруа за односи со јавност на светско ниво.

6. Годишно одржуван во 14 различни земји , Marketing Kingdom е еден од најголемите маркетинг-настани во светски рамки. Само во 2016 год., освен во Скопје, настанот се одржува и во Истанбул, Баку, Рејкјавик и Каиро.

7. Првото издание на Marketing Kingdom се одржа во Загреб во март 2011 год. и беше првиот настан во регионот што вклучуваше презентација од Facebook.

8. Marketing Kingdom беше првиот меѓународен маркетинг-настан што се одржа во Исламската Република Иран од Исламската револуција во 1979 год.

9. Marketing Kingdom беше првиот настан во Египет со презентации од Twitter, Google, Instagram, Facebook и Shazam.

10. Marketing Kingdom го организира P World, агенција базирана во Македонија, која ја менува реалноста на бизнисот во 30 земји во светот.

За повеќе информации за Marketing Kingdom Skopje, вклучувајќи цени на билетите, говорници и агенда, посетете ја официјалната интернет-страница за настанот.

 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе