Малолетно момче било насилно одведено и силувано од друго малолетно лице во близина на патот за Китка, во населбата Драчево.
МВР наведува дека во текот на вчерашниот ден, околу 16.00 часот во населба Драчево, во близина на населбата на патот за Китка, додека 11-годишно дете си играло со другарите, во еден момент дошло друго дете на возраст од 13 години, кое под закана и со физичка сила го одвлекло во грмушки, каде што извршило обљуба врз него.
Детето викало за помош, при што му помогнало лице кое работело во близина, додека пак 13-годишното дете се дало во бегство.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.