13 милијарди години во вселената прикажани во 10 минути
YouTube каналот Melody Sheep објави интересно тајмлапс видео за историјата на вселената. Во него се прикажани 13 милијарди години во вселената за само 10 минути, водени од нарацијата на Морган Фримен, Брајан Кокс, Карл Сејган и Дејвид Атенбороу.
Меѓу останатото, ќе дознаете дека вселената е 50.000 пати постара од човечката раса, ќе откриете кои сме ние и колкав е нашиот универзум. Филмот се одвива со брзина од 22 милиони години во секунда, а сите настани во него се поткрепени од денешните научни сознанија за вселената.