- Животот само што почнал. Нема интервал. Нема пробна верзија. Секоја твоја одлука е битна.
- Твоите онлајн пријатели се лажни пријатели. За жал, ова е вистина. На повеќето од нив не им е гајле за тебе и нема да ти помогнат кога ќе ти биде потребно.
- Доколку се заљубиш, биди подготвен да ти биде скршено срцето. Тешко е и боли.
- Твојата кариера на образование не завршува со матурата. Знаењето е важно. Доколку не сакаш да заостануваш зад другите, продолжи да учиш.
- Членовите на твоето семејство се најважните луѓе во твојот живот. Тие се единствените кои се грижат за тебе. Однесувај се добро со нив и цени ги.
- Твоите слабости не се битни. Научи да го профатиш ова. Единствено важни се твоите силни страни. Подобри ги.
- За сè што е вредно да се направи се потребни години. Не очекувај да ги постигнеш твоите цели премногу брзо. Најверојатно ќе ти треба многу повеќе време отколку што мислиш.
- Сите можности за раст се над твојата зона на комфор. Научи се да излегуваш од зоната на комфор.
- Не вреди да остануваш во врски кои немаат иднина. Не си го троши времето на работи кои не можат да се поправат. Остави ги и продолжи понатаму.
- Светот е полн со неправди. Ќе се соочиш со многу неправди. Биди подготвен.
- Среќата ги следи оние кои работат напорно. Добрите работи не им се случуваат на оние кои чекаат. Упорноста и напорната работа се основните предуслови за среќа.
- Не постои перфектен момент за почеток. Доколку сакаш да започнеш нешто, делувај. Не чекај подобар момент. Никогаш нема да дојде.
- Не можеш да бидеш секаде и да имаш сè. Научи да правиш правилен избор и посвети им се на работите кои се најбитни.
- Цени ја секоја личност во твојот живот. Не ги потценувај луѓето.
- Искуството и емоциите се твоите најдобри инвестиции. Традиционалните мерки за успех - скапи автомобили и куќи не се повеќе битни. Емоциите, спомените, искуството, знаењето - ова се работите кои се битни.
- Подоцна често значи никогаш. Не одложувај ништо. Живеј сега.
- Успехот е еднаков на упорноста. Не се предавај. Остани посветен на твоите соништа. Тешко е да се следат соништата, но битката вреди.
- Физичките вежби се битни. Грижи се за твоето тело и здравјето. Вежбај редовно и биди во добра форма.
- Твоите неуспеси не се важни. Битни се само победите. Затоа, не се плаши од неуспех.
- Никој нема да ти помогне. Мораш самиот да си помогнеш.
Животот само што започна