24 декември 1871, премиера на Аида на Верди во Каиро
Една од најпознатите опери на великанот Џузепе Верди на денешен ден ја имала својата премиера и тоа во „Хедивијал“ оперската куќа во Каиро, Египет.
Четирите акти со либрето на Антонио Гисланцони и под водство на Џовани Ботезини ја оставиле египетската публика воодушевена, а операта до денес е светско ремек дело. Египќаните на Верди му платиле 150.000 франци за да ја напише.
Дејството на приказната е сместено во старото египетско кралство и се работи за етиопската принцеза Аида која е заробена од Египќаните, а во која се заљубува командантот Радамес.
Потоа следувала и премиера во повеќе градови низ светот почнувајќи од Буенос Аирес, Њујорк, Берлин, Виена...