Чек дис аут

24 прашања за луѓето кои стануваат веднаш откако ќе слета авионот

18. ноември 2019 - 13:46 | М.С.

„Госпоѓо, ве молам седнете на вашето место“,  или „Господине, ве молам вратете се на вашето место додека авионот ја заземе позицијата за паркирање“ се честите опомени што ги слушаме од стјуардесите при слетување. Богами, и ним не им е лесно. Особено кога треба да останат смирени и љубезни.  

На луѓето кои стануваат предвреме им ги поставуваме овие 24 прашања:

1. Каде брзате?

2. Зошто не сфаќате дека сите одиме на исто место?

3. Вратите се затворени, знаете, така?

4. Вратите се затворени, а вие се туркате?

5. Зошто едноставно не почекате неколку минути?

6. Може и да твитнете нешто во меѓувреме („ОMG, само што слетавме и сите седат!“), нели е тоа супер идеја?

7. Дали сте во сродство со луѓето кои му аплаудираат на пилотот по слетувањето?

8. Дали знаете дека вашиот задник е пред лицето на некој непознат човек?

9. Што мислите, дали некој сака да гледа во вашиот задник?

10. Зошто е потребно да ви ги поставиме овие прашања?

11. Зарем не се срамите, ни малку?

12. Дали сфаќате дека на пилотот не му е гајле кој прв станал?

13. Дали сакате да ги импресионирате стјуардесите?

14. Ви се оди во тоалет?

15. Доколу ви се оди во тоалет, не сте деца, можете да издржите уште неколку минути, нели?

16. Дали ви е страв да одите во тоалет додека сте во воздух?

17. Дали сте од оние кои мислат дека кога ќе пуштите вода во вецето во авионот, сѐ паѓа на Земјата?

18. Дали сметате дека тие околу вас намерно не стануваат за да ви тераат инает?

19. Дали се чувствувате виновно што и ние не сме нетрпеливи како вас?

20. Дали очекувате некој да ви помогнеме доколку ве изгазат тие што брзаат да го стигнат наредниот лет?

21. Дали „да се биде прв“ ви е фетиш?

22. Доколку е така, никој од патниците не ви дал дозвола за тоа, нели?

23. Рачниот багаж нема да ви го украде никој, ок?

24. Всушност, не ви се оди во тоалет, нели?

Коментирај