25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино
Американскиот филмски и театарски актер и режисер Алфредо Џејмс „Ал“ Пачино е роден на денешен ден, 25 април, во 1940 година.
Најпознат е по улогите на Мајкл Корлеоне во трилогијата „The Godfather“, Тони Монтана во „Scarface“, Френк Серпико во „Serpico“, Френк Слејд во „Scent of a Woman“, Винсент Хана во „Heat“, и Рој Кон во „Angels in America“. Тој доби Оскар за најдобар актер во 1992 година за неговата улога во „Scent of a Woman“ по добивање на претходни седум номинации.
Никогаш не бил оженет, но има три деца: од врската со тренерката по глума Џен Тарант ја добил ќерката Џули Мари (р. 1989 година); и близнаците Антон Џејмс и Оливија Роуз (р. 25 јануари 2001 година), родени од врската со поранешната девојка - глумицата Беверли Д'Анџело, со која бил заедно од 1996 до 2003 година. Исто така, Пачино бил во врска и со Дајан Китон, колешката од трилогијата „The Godfather“, како и со аргентинската глумица Лусила Сола.