25 години подоцна откриена тајната на најдобриот суперавтомобил
Многумина ќе се согласат дека McLaren F1 е еден од најдобрите автомобили што некогаш возеле на асфалтот и дека Гордон Мареј е еден од најголемите визионери во автомобилскиот свет.
Затоа, нема подобар соговорник за овој фасцинантен автомобил од неговиот креатор. Иако можеби мислите дека се знае сѐ за овој суперавтомобил, Мареј ја објаснува тајната на McLaren F1 25 години подоцна.
„Применивме технологија на Формула 1 во патнички автомобил“, открива Мареј.