4 април 1968, убиен бил Мартин Лутер Кинг
Еден од најпознатите активисти за човекови права во историјата бил убиен на денешен ден во 1948 година во Мемфис.
Роден како Мајкл Кинг Џуниор на 15 јануари 1929 година во Атланта, Џорџија, подоцна си го променил името во Мартин Лутер Кинг, инспириран од германскиот протестантски реформист Мартин Лутер.
Посветен христијанин, Мартин Лутер Кинг го кренал американскиот народ на низа ненасилни протести и граѓанска непослушност по теркот на Махатма Ганди, а се противел и на Виетнамската војна. Во 1963 година го одржал својот познат „I Have a Dream“ говор пред споменикот на Абрахам Линколн во Вашингтон. Мартин го следеле луѓе од сите раси и етникуми и токму затоа им сметал на многу политичари.
Бил фатално застрелан од Џејмс Ерл Реј во 18:01 часот додека стоел на балконот во својата хотелска соба во Мемфис, Тенеси. Бил пренесен во болница, но и покрај направената операција на градниот кош, Кинг починал во 19:05 часот.