4 грешки што ги правите додека држите диета ја зголемуваат желбата за слатки и грицки

Ф.З.
/ 04.11.2023 / 13:01

Во процесот на слабеење, често постои желба за стари навики како што се консумирање слатки и грицки. Затоа, не е лошо да ги знаете причините за вашата желба и да ги спречите кога ќе одлучите да ја промените исхраната.

Нутриционистот и автор на книгата „The Superfood Swap“, ДиЏеј Блатнер набројува неколку од најчестите грешки што ги правиме и посочува како да се ослободиме од желбите.

Јадење „досадни“ оброци

Кога ќе одлучите да се ставите на диета, најчесто избирате одредени намирници кои се сметаат за нискокалорични. На овој начин се ограничувате и вашата исхрана станува, така да се каже, досадна. Според нутриционистот Блатнер, пожелно е да ја направите вашата храна вкусна со додавање на зачини, сосови, па дури и малку помфрит. Така ќе имате разновидна понуда и ќе ја намалите желбата за несакани и калорични оброци.

Стрес

Стресот може да влијае на вашето ментално и физичко здравје, а познато е дека многу луѓе посегнуваат по храна кога се под стрес. Затоа, треба да го намалите нивото на стрес што е можно повеќе и да го промените вашето размислување. Иако не можеме секогаш да ги контролираме стресните ситуации, важно е секој ден да се трудиме да отфрлиме што повеќе негативни мисли.

Не јадете доволно протеини

Протеините се вредна хранлива материја бидејќи се доста заситувачки и ви ја даваат потребната енергија помеѓу оброците. Исто така, протеините може да ви помогнат да јадете помалку во текот на денот. За време на процесот на слабеење, препорачливо е да се консумираат поголеми количини на протеини.

Исфрлање оброци или група намирници

Ако не јадете предолго или ако не ги јадете сите групи намирници, ќе бидете доста гладни. Ова е причината зошто посегнувате по нешто брзо, лесно, вкусно и обично богато со рафинирани јаглехидрати. Затоа, обидете се да ги планирате вашите избалансирани оброци.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе