Љубов и секс

5 најчуди причини поради кои некој би можел да се заљуби во вас

9. јануари 2017 - 11:22 | Кајгана

Постојат неколку психолошки објаснувања зошто се заљубуваме во одредени личности. Поточно, со други зборови, зошто некој би можел да се заљуби во вас. Еве што велат научниците.

Заеднички интереси

Истражувањата покажуваат дека луѓето полесно се заљубуваат во луѓе со кои делат заеднички интереси, но и во оние кои имаат приближно исти години. 

Сличност со родителите

Бројни студии имаат покажано дека луѓето полесно се заљубуваат во личности кои наликуваат на нивните родители од спротивниот пол.

Близина

Доколку живеете близу до личноста која ви се допаѓа, голема е веројатноста дека вашиот однос ќе се претвори во нешто повеќе. Станува збор за практични причини. Поточно, колку повеќе се гледате, полесно и побрзо ќе се запознаете.

Насмевка и оптимизам

Никој не сака луѓе кои секогаш се лошо расположени и песимистични, па не е за чудење што симпатијата може да се заљуби во вашата насмевка. Насмевката е еден од начините како да ја зголемите својата привлечност. Исто така, истражувањата покажуваат дека оптимистичните луѓе привлекуваат повеќе луѓе. Логично, нели?

Заинтересираност

На сите им е јасно дека најдобриот начин да се заљубите во некого е прво добро да го запознаете. Тоа го потврдило и истражување во кое биле одбрани парови на тотални странци кои си поставувале 36 прашања за 45 минути. Резултатите покажале дека луѓето можат да развијат интимен однос речиси со било кого, само доколку доволно се потрудат.

Коментирај