5 најголеми грешки што ги правиме кога пишуваме мотивационо писмо за работа

Колку и да ви е добро CV-то, може да бидете одбиени доколку не е придружено со внимателно напишано мотивационо писмо.

Иако вложуваме помалку време во пишување на мотивационото писмо отколку кога станува збор за пишување на резимето, тоа е подеднакво важно и без него апликацијата не е целосна, а исто така ја прави таа мала разлика поради која менаџерот одлучува кој кандидат да го ангажира.

Ако сте забележале дека вашите апликации за работа често остануваат неодговорени или се одбиени, можеби правите една од овие грешки.

1. Не сте го напишале вие мотивационото писмо

Можеби тоа не е првото нешто што го гледа потенцијалниот работодавец, но фактот дека сте испратиле копирано мотивационо писмо од првата страница на Gooogle веднаш се забележува - и се смета за голем недостаток и маана во споредба со другите кандидати. Поради ваквата несериозност, вашата апликација може да биде целосно игнорирана.

2. Вашето мотивационо писмо е предолго

Сите менаџери за човечки ресурси се согласуваат дека не постои поголем кошмар од предолго, прекумерно и досадно мотивационо писмо, кое покажува дека кандидатот не знае што да издвои како релевантно, а што е излишно.

Секој збор што го испраќате до компанијата во која сакате да работите покажува како комуницирате, а тоа што сте премногу опширни е знак дека не сте особено ефикасни во тоа.

3. Никако да стигнете до поентата

Важно е да бидете кратки, уште поважно е да бидете јасни и веднаш да дојдете до суштината. Секогаш постои можност вашето мотивационо писмо да не биде прочитано до крај, затоа на самиот почеток ставете го она што го сметате за најважно, а она што е помалку важно може да остане на крајот.

4. Го прераскажувате CV-то

Една од најголемите грешки што ја прават кандидатите за работа е што во мотивациското писмо, со други зборови, го повторуваат она што веќе е во нивната работна биографија. Треба да пишува зошто аплицирате за таа работа, како сте дознале за тоа, како гледате на тоа, што би направиле прво итн.

5. Не мислите на тоа кому се обраќате

За да пласирате каква било содржина, клучно е добро да ја познавате вашата целна група, а во овој случај тоа е личноста која го чита вашето мотивационо писмо и одлучува дали сте адекватен вработен за неговата компанија. Обидете се да ѝ се обратите на личноста, а не на компанијата, но не претерувајте за да не делувате несериозно и непристојно.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе