5 работи кои ги научивме од овогодинешниот Аустралијан Опен

Иако сме на стартот од сезоната, се чини дека турнирот во Австралија даде одговори на многу прашања. Што научивме од него?

Заврши првиот Грен слем од сезоната. По 14 дена големи борби, во неделата во Мелбурн добивме конечен епилог на овогодишниот Аустралија Опен.

Сè се заврши на симболичен начин - продолжение на епското ривалство помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал, а победата ја однесе Швајцарецот и со тоа стигна до својата 18-та Грен слем титула.

Што се однесува до дамите, и таму финалето донесе океан од емоции, бидејќи за трофејот се бореа сестрите Вилијамс. Очекувано, до титулата стигна Серена.

Иако сме на стартот од сезоната, се чини дека турнирот во Австралија даде одговори на многу прашања. Што научивме од него?

1. Новак Ѓоковиќ мора да си постави себе си важни прашања

Падот на српскиот тенисер кој трае уште од освојувањето на Ролан Харос во 2016 година, доживеа кулминација на Аустралијан Опен. Новак во Мелбурн го доживеа најголемиот пораз во кариерата и дефинитивно е време за „рестарт”.

Веќе подолго време е јасно дека Ѓоковиќ не им пристапува на мечевите со ист ентузијазам како порано, па дојде моментот себе си да си постави некои важни прашања:

- Дали е време да направам подолга пауза од тенисот?

- Што би требало да бидат моите цели во продолжението на кариерата?

- Дали можам да се вратам на највисокото ниво од мојата игра?

2. Тенисот не го играат годините, туку љубовта кон спортот и победата

Овогодишното финале на Аустралијан Опен ни покажа многу за ова. Во женска конкуренција се бореа тенисерки кои имаат 36, односно 35 години, додека кај мажите ситуацијата беше 35 и 30 години.

Ова е само уште еден доказ дека во тенисот, но и во спортот, датумот на раѓање не претставува товар. Кога имате желба за победа и кога љубовта кон спортот е голема, сè е можно. Роџер, Рафа, Серена и Венус се доказ за тоа. 

3. Новата генерација ќе мора уште да чека

Со години слушаме приказни за новата генерација која ќе завладее со светскиот тенис, но нивното време никако да дојде. Ерата на големата четворка (Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Мареј) и понатаму не е завршена, а се чини дека нема да заврши ни во поблискиот период.

Иако бевме сведоци на добри игри од помладите играчи, константноста уште не им е карактеристика за да можат да им парираат на најголемите.

4. Конкуренцијата во женскиот тенис никогаш не била послаба

Серена Вилијамс со години наназад суверено владее со женскиот тенис. Иако имаше повремени блесоци, Американката уште нема вистинска конкуренција.

Марија Шарапова е суспендирана, Петра Квитова не е константна, а сега и повредена. Викторија Азаренка има други приоритети, Радванска уште не е тој калибар, па така помладата од сестрите Вилијамс, кога е фокусирана на тенисот, нема конкуренција.

Полека ни пристигнува нова генерација талентирани тенисерки, но додека Серена не се пензионира, нејзината ризница на трофеи само ќе се зголемува.

5. Енди Мареј не е подготвен за најголемите достигнувања

Се чекаше и чекаше Енди Мареј да го достигне својот врв и конечно го дочекавме минатата година. Енди ги освои Олимписките игри, како и завршниот Мастерс турнир во Лондон, дојде и до првото место на АТП листата и таман кога се очекуваше да доминира со светскиот тенис, потфрли.

Раната елиминација на Аустралијан Опен е уште еден доказ дека Мареј не е подготвен за најголемите достигнувања по пример на своите ривали, Новак, Роџер и Рафа.

Не можеме да оспориме дека Мареј е феноменален тенисер, но во првиот Грен слем од сезоната, повторно бевме сведоци дека го нема Х факторот за да испише нови страници од историјата на тенисот.

 

 

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе