6 митови со кои најчесто се соочуваат новопечените родители

Бебињата не доаѓаат со прирачник, но доаѓаат со многу совети како да се воспитуваат.

Пријателите и добронамерните членови на семејството честопати се желни да ја споделат својата мудрост, а преоптоварувањето со информации често е огромен товар за новопечените родители.

Така тие открија шест вообичаени митови со кои најчесто се среќаваат.

Може да го разгалите бебето со премногу љубов

Задоволувањето на потребите на бебињата со љубов им помага да управуваат со своите емоции, да градат самодоверба и да го намалат ризикот од идни ментални здравствени проблеми. Затоа, мит е дека бебињата може да се разгалат со премногу љубов.

Мајката Џој Лин вели дека често ѝ кажуваат дека премногу го разгалува нејзиното бебе Сејди, кое сега има шест месеци. „Луѓето ми рекоа дека премногу ја гушкам, но рано решив дека не сакам да ја оставам да плаче. Сакав да ја гушкам и да си играм со неа што е можно повеќе за да се чувствува безбедно“, изјавила таа.

Треба да го оставите бебето да плаче и тоа ќе научи само да се смирува

Бебињата кои се оставени да плачат може да престанат да плачат, но по плачењето може да се чувствуваат вознемирени ако родителите не реагираат.

Мајката Ема Рис открива: „Како нова мајка, поминував премногу време на социјалните мрежи, читајќи совети и правејќи сè што другите ми рекоа да правам. Сепак, на крајот решив да ги следам моите инстинкти и да го направам она што сметав дека е правилно. смирувајќи ја кога и да заплаче“.

Сите бебиња треба да спијат цела ноќ

Бебињата имаат различни модели на спиење од возрасните, а будењето навечер е нормално. Одговарањето на нивното будење со топлина и љубов е важно за врската помеѓу родителите и децата и нивниот развој.

Веднаш ќе се поврзете со вашето бебе

Некои родители може да очекуваат инстант магична врска со своето бебе, но во ред е ако тоа не се случи веднаш.

Треба да направите тажните чувства да исчезнат

Како и возрасните, бебињата треба да можат да изразат тага, непријатност и болка, како и среќа и возбуда. Родителите треба да одговорат на нивниот плач со љубов, бидејќи тоа им покажува дека е во ред да ги изразат овие емоции.

Правите нешто погрешно ако вашето бебе плаче

Многу бебиња често плачат и нивните родители разбирливо се загрижени за тоа. Но, тоа не значи дека тие се виновни. Сите бебиња се различни и потребно е многу труд за да се разберат.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Живот

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Read more

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more
 

Магазин

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе