6 работи кои успешните жени ги избегнуваат секое утро

Не за џабе се вели дека денот по утрото се познава. А за да го започнете денот на најдобар можен начин, некои работи би требало да ги избегнувате. Едно мало истражување спроведено помеѓу успешните жени, открива точно кои се овие работи, а денес го споделуваме со вас.

Проверување на мејлови

Нека утрото биде резервирано за опуштање и психички подготовки за тоа што ве чека. Уживајте во кафето, туширањето, слушањето музика, вежбањето, дотерувањето. Едно друго истражување открива и дека луѓето кои проверуваат мејлови пред и по работното време, преживуваат и повеќе стрес во текот на денот.

Одложување на алармот

Иако на сите ни треба уште некоја минутка сон наутро, успешните жени се слагаат во едно: ова би можело да го упропасти вашето утро, а со тоа и денот. Објаснувањето е едноставно: ваквото одложување, дури и само 15 минути, може да го исфрли вашето тело од природниот ритам, поради што целиот ден би можеле да се чувствувате поуморно.

Одлучување што да се облече

Избегнувањето да се донесе одлука рано наутро ќе ви обезбеди дополнително време, кое можете да го потрошите на опуштање. Затоа, подгответе си облека навечер. Така, денот ќе го започнете со помалку стрес.

Игнорирање на блиските и драги луѓе

Едноставно е: доколку го игнорирате мобилниот и службените мејлови, ќе имате можност наутро да им посветите повеќе време на луѓето кои ги сакате и кои ве сакаат вас: родителите, партнерот, децата, цимерката или слично. Има ли нешто подобро од ова?

Лош доручек

Иако многумина го прескокнуваат доручекот, успешните жени знаат дека ова е лошо за енергијата која ни е потребна да го оздржиме целиот ден, а која ни ја овозможува доручек полн со протеини. Исто така, доручекот може да понуди и ментална предност, бидејќи е поврзан со подобра меморија, креативност и учење.

Брзање

Повторно, составете ја листата на обврски вечерта претходно, подгответе си ги сите работи во чантата, одлучете што ќе облечете и не го одложувајте алармот. Кога ќе направите спротивно, денот го започнувате со брзање и стрес, а тоа не е добро за вашиот организам.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе