60 години од контролерите за видео игри во 60 секунди
Во споредба со другите форми на забава видео игрите не постојат толку долго време. Но, тоа не е причина за да не се направи ретроспектива за контролерите за видео игри.
YouTube каналот Super Deluxe направи кратко ретро видео со анимации за светски најпознатите контролери за видео игри во последните 60 години, од Atari до Xbox.