7 април 1963, Тито станал доживотен претседател на Југославија
Со реформите донесени на денешен ден во 1963 година, бил изменет уставот на Југославија со што земјата од Федеративна Народна Република станала Социјалистичка Федеративна Република, а Јосип Броз Тито добил доживотен мандат.
Тито прв пат за претседател на земјата бил избран во 1953 година, а потоа до 1963 победувал на секои избори сѐ додека не бил донесен новиот Устав со кој стекнал право да биде на чело на Југославија сѐ до неговата смрт. Со новите измени земјата добила и премиер во Петар Стамболиќ, функција која дотогаш паралелно ја вршел самиот Тито.
Јосип Броз владеел со Југославија до 4 мај 1980 година кога починал три дена пред да го прослави својот 88. роденден.