7 совети за нега на кожата во топлите денови

Летото и високите температури се пред нас. Не заборавајте да ја прилагодите и обновите вашата рутина за негата на кожата и да направите промени во вашиот режим за и ова лето да имате најдобра кожа. За среќа, нема големи промени, а најважна е заштитата од сонцето.

Крема за сончање
Почнете со лосион или кремна подлога за вашиот заштитен фактор како последен чекор во утринската рутина за негата на кожата. Без разлика која формула ќе ја одберете, не заборавајте дека кремата за сончање е неопходна, дури и на облачен ден.

Не заборавајте на пилингот
За волја на вистината, пилингот е пресуден во текот на целата година, а според дерматолозите, летото е одличен период за отстранување на мртвата кожа. Доколку сметате дека вашата кожа е премногу масна во топлите месеци, се препорачува посегнување по пилинг формулиран со салицилна киселина, состојка растоплива во масло која може да продре во порите и да го отстрани вишокот себум. Внимавајте на пилингот навечер: многу пилинзи ја прават вашата кожа фотосензибилна и склона на печење.

Посегнете по лесни производи
Кога надвор е 40 степени, последно што сакате е да почувствувате густа крема или подлога која се топи на вашето лице. Дерматолозите препорачуваат хидратантни креми со гел крем или едноставно одлучете се за серум со хијалуронска киселина кој ќе го нанесете под вашиот заштитен фактор.

Вклучете го витаминот Ц
УВ зраците предизвикуваат до 90% од фото-стареењето кое се случува на нашата кожа, па употребата на антиоксидансите додава уште еден слој на заштита и помага во спречувањето и лечењето на несаканите пигментации кои се појавуваат во летните месеци. За најдобри резултати, нанесете производ со витамин Ц веднаш по чистењето и можете да го користите и преку ден и навечер.

Одлучете се за нежно средство за чистење
Бидејќи во лето често се случува да го миеме лицето (пот, масло, хлор, тренинзи…), изборот на нежно средство за чистење ќе ви помогне да ја одржите кожата мека, здрава и сјајна, отстранувајќи ги нечистотиите, остатоците и прашината.

Избегнувајте тешки шминки
Со зголеменото потење и масноста во лето, со лесна шминка ќе се чувствувате попријатно. Не мора да се откажете целосно од вашиот омилен коректор со полно покривање, но може да го ставите на пауза во наредните неколку месеци. Наместо тоа, посегнете по лесни формулации на течни и прашкасти препарати кои се проѕирни и без тежина на кожата.

Хидрирајте ја кожата одвнатре
Не е тајна дека правилното консумирање вода е од клучна важност кога температурите ќе пораснат. Освен вода, препорачливо е и внесување на електролити и здрави масни киселини.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе