7 стилски совети што секој маж треба да ги знае

Секој маж треба да знае како да се облекува пристојно и стилски, а ако обрнете малку внимание, нема да ви биде потребно жена до вас за шопинг или комбинирање. Има неколку нешта што секој маж треба да ги знае, а овие основни трикови, совети и правила прочитајте ги подолу.

1. Подвиткување на ракав од кошула

Следете го инфографикот за правилно и практично подвиткување на ракавите на кошулата, наместо само да ги вртите и туткате.

2. Следете го правилото „понекогаш, секогаш, никогаш“ за јакни

Кога станува збор за палто, јакна или слично парче за одозгора, следенет го правилото за закопчување „понекогаш, секогаш, никогаш“. Односно, првото копче се закопчува понекогаш (по желба) средното секогаш, а последното никогаш. Ако имате само две копчиња, горното секогаш е закопчано, а долното откопчано. И не заборавајте целосно да се откопчате кога ќе седнете и обратно - да се закопчате кога ќе станете.

3. Диплете ги џемперите, не ги закачувајте

Џемперите се направени од плетки што лесно може да се истегнат кога ќе ги закачите на закачалка или ги сушите закачени како секое друго парче. Наместо ова здиплете ги, за да си ја задржат својата форма и да ви траат подолго.

4. Слоевито облекување

Кога станува збор за успешно и практично облекување во есен или пролет, слоевите се она што ви треба. Облечете маичка, па кошула, а врз тоа џемпер. Во зависност од температурата соблекувајте/облекувајте се по потреба. Запаметете: Најтенките материјали одат најдолу, најблизу до вашата кожа, а подобелите одозгора.

5. Не ги носете истите чевли два дена по ред

Не дека некој ќе примети и ќе ве искара што не сте разноврсни во облекувањето, туку од практични причини. Ова правило важи за класични чевли, оксвордки и било какви кожни обувки. По носењето оставете ги еден ден да „дишат“, за да може влажноста да се исуши - влагата со тек на време ја менува формата на чевлите.

6. Ставете ги фармерките во фрижидер

„Јавна тајна“ е дека сите ретко ги переме фармерките. Па ако забележите навечер дека почнуваат да мирисаат чудно а сакате да ги носите изутрина, ставете ги во пластична ќеса и оставете ги прекуноќ во замрзнувачот.

7. Кога кошулата ви е точна а кога не?

Ако седнете и копчињата се спремни да пукнат, мора да земете поголем број. Ако кошулата не ви „лежи“ совршено кај рамената, значи дека ви е голема. Доколку новиот број што ќе го пробате не ви одговара на друг дел од телото, значи дека кројот на овој бренд не е за вас - одете на шопинг во друга продавница.

 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Стил

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more

Hats and the City – нов едиторијал на шапки од Мирјана Јосифоска

Read more

Најлоша мода на Оскарите 2024: Кај ви беше паметот?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе