Против седумдесетгодишен прилепчанец Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка во четвртокот поради тоа што поради задоволување на полови страсти, и искористувајќи ја семејната близина со жртвата во текот на неколку месеци извршил напади врз дете под 14-годишна возраст.
Обвинителството постапувало во случајот по кривична пријава поднесена од подрачната служба на министерството за внатрешни работи во Прилеп, во врска со пријавата за лице на возраст од 70 години, за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик.
Лицето се товари дека на точно неутврдени датуми, во повеќе наврати, од почетокот на 2016 година па до почетокот на aприл годинава, заради задоволување на полови страсти, а искористувајќи блиски семејни прилики, извршил полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години.
Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднел предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп.