800.000 бегалци транзитирале низ Македонија од почетокот на 2015 година

Во периодот од 1 јануари 2015 година до крајот на јуни 2016 година низ територијата на Република Македонија транзитирале близу 800.000 мигранти, што е повеќе од една третина од бројот на жители на Република Македонија, изјави Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На Конференцијата „Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес“, која беше организирана од Македонското здружение на млади правници во соработка со амбасадата на Кралството Норвешка, Спасовски додаде:

„Справувањето со оваа состојба беше, без сомнение, еден од најголемите предизвици во последниот период. Се работеше за категорија на лица кои воопшто не сакаа да се задржуваат на територијата на државата, туку во што пократок рок да транзитираат низ неа, и секое нивно подолго задржување значеше и предуслов за немири и  нарушување на јавниот ред и мир.  Во такви услови, од една страна требаше да се обезбеди ефикасна контрола на границите и контрола на мигрантите кои транзитираа низ државата, а од друга страна да се заштити животот и здравјето на овие лица“.

Тој ја потенцира и поддршката на голем број држави од Европската Унија кои преку донации, но и со испраќање на свои полициски службеници во Македонија помогнаа во справувањето со овој проблем.

„Од 21 декември 2015 година до денес во обезбедувањето на нашата јужна граница учествуваат и полициски службеници од Австрија, Чешка, Полска, Унгарија, Хрватска, Словенија, Србија, Словачка... Од март 2016 година трошоците за нивниот престој ги покрива Европската Унија преку проект имплементиран од Интернационалната организација за миграции. Во моментов на јужната граница се распоредени 166 странски полициски службеници. Состојбата на јужната граница сега е значително поразлична од онаа во 2015 или првите три месеци од 2016 година, но кризата е далеку од завршена. Во просек дневно се спречуваат и до 100 обиди за илегален влез во Република Македонија, иако во последните две недели оваа појава бележи тренд на намалување“, рече министерот Спасовски.

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе