Абас со критика на „двојните стандарди“ на Западот кон Украина и Палестина

Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди на „двојните стандарди“ на западните земји, кои, повикувајќи се на меѓународното право, брзо воведоа санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, но не и кон Израел за „злосторствата“ на палестинските територии.

Палестинската управа на Абас не ја осуди неодамнешната инвазија од Русија врз Украина, членка на Квартетот за Блискиот Исток и земја која официјално ја признава Палестина како држава, за разлика од САД и повеќето европски земји.

Таквата воздржаност ги налути западните дипломати во Ерусалим и на палестинските територии, пренесува HINA.

Многу западни дипломатски извори, кои сакаа да останат анонимни, за француските медиуми изјавија дека побарале од Палестинската управа, која главно е финансирана од Европската Унија, да ја осуди инвазијата на Украина.

На прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестинскиот претседател, кој во саботата го прослави својот 87. роденден, ги критикуваше „двојните стандарди“ на Западот во однос на Украина и палестинските територии.

Амнести интернешенел (АИ), Хјуман рајтс воч (ХРВ) и израелската невладина организација Б'Тселем го обвинуваат Израел за „апартхејд“ врз Палестинците.

– Актуелните настани во Европа јасно покажаа дека се применуваат двојни стандарди“, рече Абас.

– И покрај злосторствата на израелската окупација, кои можат да се споредат со етничко чистење и расна дискриминација, и признати од меѓународните организации за човекови права (…), не наоѓаме никој да бара одговорност од Израел дека дејствува како држава над законот, смета палестинскиот претседател.

– Тоа што се случува во Палестина не може да се толерира, меѓународното право не може да се гази и се прашуваме дали надмоќта на израелската окупаторска моќ над палестинскиот народ, понижувањето на неговото достоинство и неговите легитимни права, ќе продолжи без ништо да се преземе за да му се застане на крајот на тоа, додаде Абас на арапски јазик.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе