ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ЛЕТО 2019

AccuWeather: Oпасни топлотни бранови низ Европа, оркански ветрови на Балканот

На поголемиот дел од Европа ова лето му се закануваат опасни топлотни бранови, додека Југоисточна Европа и Балканот ги очекуваат силни бури, објави метеоролошкиот сервис AccuWeather во својата голема прогноза за летото што доаѓа за Стариот Континент.

– Долгорочните периоди на суша на земјоделците ќе им предизвикаат проблеми, а сушно време се очекува низ континентот, пишува AccuWeather во својата прогноза.

Додека поголемиот дел на Европа ќе биде под удар на сушно време и опасни топлотни бранови, на поголемиот дел од Балкан му се закануваат чести бури со силни грмежи. Ова особено важи за подрачјето на Далмација, но и во јужните делови на континентална Хрватска, пренесува Index.hr.

– Иако делови од Балканот нема да бидат имуни на топлинските бранови, екстремните жештини ќе бидат ограничени, пишува AccuWeather.

Опасни бури му се закануваат на подрачјето од Грција до Србија, Романија и Бугарија, но и на делови на Јадранот.

– Овие бури ќе донесат голем број молњи, поплави предизвикани од поројни дождови, како и оркански ветрови и град, предупредуваат метеоролозите и додаваат дека најсилните бури би можеле да доведат и до создавање торнада.

Вакви силни бурни најмногу се очекуваат во попладневните и вечерните часови.

– Најголема опасност ќе донесат орканските ветрови, градот и поројните поплави, се заклучува во прогнозата за Балкан.

Летото во Европа ќе го одбележат и долготрајни топлотни бранови кои ќе го зафатат подрачјето од Португалија и Шпанија па сè до Полска и Унгарија. Жештините ќе почнат уште во јуни во Шпанија и Португалија, а подоцна ќе се шират кон северниот и источниот дел на континентот.

Жештините ќе бидат подолги од минатото лето, кога во делови од Португалија, Белгија, Холандија, Германија и Скандинавија беа регистрирани рекордни температури, но главно траеја само една недела.

Дури и кога ќе попуштат најинтензивните топлотни бранови, ќе следува само кус период на просечни температури, пред повторно да се качат на опасни нивоа.

Температури повисоки од 38 степени се очекуваат од северна Франција, Белгија и Холандија па сè до Полска, Словачка и Унгарија.

– Температурите во некои делови на јужна и источна Франција од јуни до почетокот на август ќе достигнат преку 40 Целзиусови степени, изјави метеорологот Тилуер Ројс.

Делови од Шпанија и Португалија ги очекуваат врели бранови кои ќе траат со денови, а температурите ќе бидат повисоки од 43 степени. Покрај тоа и ноќите ќе бидат многу жешки, па така жителите ни тогаш нема да почувствуваат освежување.

Интензивните топлотни бранови и долгите периоди на суво време летово ќе предизвикаат и голема опасност од пожари во поголемиот дел од Западна и Централна Европа.

Подрачја со најголем ризик ќе бидат оние од северна Португалија до северна Шпанија и од Алпите до Германија и Чешка.

Влажната зима и пролет во поголемиот дел од Западна и Централна Европа ќе резултираат со побујна вегетација од претходните години. Меѓутоа, со оглед на тоа што на почетокот од летото ќе преовладува суво време, опасноста од пожари ќе биде уште поголема.

Сушни периоди ќе доминираат во поголемиот дел од летото и низ Ирска, јужните делови на Велика Британија и северна Франција.

Температурите генерално ќе бидат околу или над просекот од јуни до август. Ќе бидат можни и куси топлотни бранови, но нема да траат подолго од три до четири дена.

– За време на овие жешки периоди температурите можат да достигнат 32 Целзиусови степени, прогнозира AccuWeather.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе