ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Адеми: Одиме на победа против Манчестер Сити

Аријан Адеми е единствениот Македонец кој е капитен на клуб од Лигата на шампиони. Денес го игра можеби најважниот натпревар за Динамо бидејќи хрватскиот клуб можно е со победа да презими во Лигата на шампиони, што би било неверојатен успех.

„Нѐ чека голем натпревар, свесни сме за тоа. Се подготвивме, во натпреварот ќе влеземе смирено бркајќи што подобар резултат за да поминеме“, вели Адеми во интервју за каналот Nova.

Стадионот „Максимир“ во Загреб е распродаден, што значи дека „Модрите“ ќе имаат огромна поддршка против големиот противник. Натпревар се игра денеска од 18.55 часот.

„Многу ни значи полн стадион. Кога ќе згрми „Максимир“ се чувствуваме посигурни и подобри и затоа ќе ни биде од огромна помош, тоа е додатен мотив за нас“.

Динамо го има истиот проблем кој го имаат сите клубови кои доаѓаат од слаби лиги. Преку викенд Адеми и дружината играат против противници како Славен Белупо, Истра и Локомотива, а потоа на сред недела ги чека некој од Аталанта, Шахтар или во случајов великан како Манчестер Сити.

„Разликата е огромна, начинот на игра е сосема друг. Но, покажавме дека можеме и доста натпревари одлично ги одигравме. Не се осети таа разлика“, тврди Адеми.

Македонскиот репрезентативец не сака да размислува многу на вечерашниот исход. Со победа над „Граѓаните“ Динамо нема да има загарантиран пласман во осминафиналето бидејќи мора да се надева и дека Шахтар нема да ја совлада Аталанта. Всушност, освен Сити кој е прв, сите останати се во игра за второто место. Адеми и Динамо можат да отидат во осминафиналето, во Лига Европа како трети и дури и никаде доколку завршат последни.

„Презимувањето во Европа е она за кое најмногу се зборува. Многу пати бевме блиску и конечно ни се оствари лани. Сега имаме нова прилика за такво нешто и одиме до крај“, минатата сезона Динамо заврши прв во групата во Лига Европа и потоа преку чешка Викторија стигна до осминафиналето каде загуби од Бенфика.

Ова е седмо учество на Динамо во групите од Лигата на шампиони, а најтрофејниот хрватски клуб никогаш не успеал да ја мине оваа фаза. Сега е најблиску од било кога.

„Не размислуваме за можните сценарија, туку само на тоа како да го победиме Сити“, заврши Адеми.

Македонија ќе има претставник во осминафиналето бидејќи Наполи на Елиф Елмас веќе се пласираше. Но, уште поубаво би било доколку таму се најде уште еден наш фубалер.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more
 

Спорт

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе