Адеми: Оваа репрезентација има срце и квалитет за поголеми резултати

Аријан Адеми по две години пауза со гол во мрежата на Лихтенштајн му се врати на фудбалот. Синоќа Адеми влезе во игра во 63. минута, а само шест минути подоцна соло акцијата ја заврши со гол.

„Ова е посебен момент за мене, преполн со емоции. Не бев виновен за она што ми се случи, а сега голот го прославив со солзи“, рече Адеми.

„Сакам да му се заблагодарам на селекторот Ангеловски, кој веруваше во мене и кој ме повика во репрезентацијата, иако имав долга пауза. Му благодарам на Пандев и на сите соиграчи од репрезентацијата кои ме дочекаа со отворени срца. Им благодарам на целата македонска спортска јавност и на навивачите во Струмица. Ова многу ми значи“, дополни Адеми.

Играчот на Динамо Загреб е убеден дека оваа репрезентација на Македонија пред себе има светла иднина.

„Оваа репрезентација има срце, но и квалитет за многу поголеми резултати. Тоа го покажавме во Италија, а убеден сум дека тоа ќе го покажеме во наредниот квалификациски циклус“, изјави Адеми

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе