Adidas има нова реклама со познати фудбалери
Во новата динамична реклама на Adidas со наслов „Blah, blah, blah“ Пол Погба вели „Не верувајте во сè што ќе прочитате во весниците“. Тоа се донесува на шпекулациите поврзани со неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.
Adidas Football ја претставува новата фудбалска сезона во Европа со колоритен микс на медиуми и познати фудбалери од Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Челзи, Јувентус и Милан, кои им пркосат на шпекулациите во медиумите и продолжуваат со играта. Во видеото се вклучени Пол Погба, Мануел Ноер, Герет Бејл, Џејмс Родригез, Диего Коста и други познати имиња од светот на фудбалот.