Администрацијата на Бајден најави обновување на односите со Палестинците

Новата американска администрација соопшти дека ќе ги обнови односите со Палестинците, како и дека ќе им помогне на палестинските бегалци, што е пресврт во однос на политиката на администрацијата на Доналд Трамп, и клучен елемент на новата поддршка за заедничко решение за завршување на повеќедеценискиот конфликт меѓу Израелците и Палестинците.

Вршителот на должноста американски амбасадор во Обединетите нации, Ричард Милс, го најави новиот пристап на претседателот Џо Бајден на состанокот на Советот за безбедност на ОН и кажа дека новата администрација верува дека тоа и натаму е најдобриот начин за обезбедување на иднината на Израел како демократска и еврејска држава и легитимните аспирации на Палестинците за своја држава и безбеден и достоинствен живот.

– За овие цели да се постигнат нашата администрација ќе ги обнови односите со Палестинците, но и со Израелците, рече Милс, пренесуваат американските медиуми.

Тоа вклучува обнова на односите со палестинските лидери и палестинскиот народ, рече Милс, додавајќи дека Бајден е јасен дека има намера да ја обнови американската помош за поддршка на програмите за економски развој и хуманитарна помош за Палестинците.

Милс додаде дека Бајден ќе преземе чекори за рестартирање на дипломатските односи кои беа прекинати од претходната администрација.

– САД се надеваат дека полека ќе почнат да градат доверба на двете страни, да полека да се создадат услови во кои ќе може да се најде заедничко решение, рече Милс.

– Тоа значи да ги повикате двете страни да избегнуваат еднострани потези што го отежнуваат наоѓањето заедничко решение, како што е припојување територија, населување, уништување и плаќање на криминалци за извршување терористички акти, објасни Милс.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе