Аеродром на Малдиви: Авионите како да нурнуваат во океанот

Аеродромот на Малдивските Острови е како авионите да се нурнуваат во океанот - истовремено застрашувачко и преубаво искуство.

Меѓународниот аеродром Мале е главниот аеродром на Малдивите и воедно единствен кој нуди меѓународни летови до оваа островска држава во Јужна Азија.

Сместен е на островчето Хулхуле, во близина на главниот остров Мале по кој аеродромот е именуван. Порано го носел името на првиот малдивски претседател Ибрахим Насир, а денес го нарекуваат и Меѓународен аеродром „Велана“.

На овој остров во Индискиот Океан првиот аеродром бил отворен во октомври 1960 година. Тогаш располагал со челична писта со димензии 23х914 метри. Новата писта од асфалт била пуштена во употреба во април 1966 година благодарение на локалните волонтери кои помогнале во изградбата.

Со текот на годините и со порастот на туристичкиот интерес за оваа рајска дестинација, аеродромот бил реновиран и му била изградена додатна инфраструктура. Островото-аеродром денес содржи и метеролошка станица, како и хотелот „Хулхуле“ кој е наменет за патниците кои транзитираат. Исто така, дел од аеродромот е и хидродром кој располага со четири писти за хидроавиони.

И додека едни уживаат во спектакуларниот поглед додека слетуваат и полетуваат од овој аеродром, други се преплашени поради самиот факт што пистата широка 45 и долга 3.200 метри се наоѓа на надморска височина од само два метра, па изгледа како авионите при слетување да нурнуваат во Индискиот Океан.

Remote video URL

 

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе