Агуеро ги игнорира проблемите со срцето - се враќа на терен

Легендарниот фудбалер Серхио Агуеро ќе се врати од пензија за да игра на „The Soccer Tournament“, турнир вреден милион долари на кој победничкиот тим „зема сè“.

Поради проблеми со срцето, Агуеро мораше да ја заврши својата голема кариера во 2021 година, но реши сето тоа да го игнорира и го пријави тимот на еден многу интересен турнир кој во текот на летото ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.

Станува збор за турнир кој ќе се игра „7 на 7“ и на кој ќе учествуваат повеќе стручни екипи, меѓу кои и репрезентации кои се регистрирани од бројни светски фудбалски ѕвезди.

Така се пријавија екипите на Борусија Дортмунд, Рексам, Комо, тимот на Марио Балотели, тимот на Нани, тимот во кој ќе бидат Том Хадлстон, Стивен Ајрланд, Равел Морисон, Оумар Ниасе и Дени Симпсон и многу други.

URL

„Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Агуеро и неговиот тим на овогодинешниот турнир. Не само што е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, тој е и еден од најжестоките натпреварувачи што доаѓаат. Тој е таму за забава и натпревар, а токму тоа е нашиот турнир“, изјави директорот и основач на турнирот, Џон Мугар.

Натпреварот ќе се одржи во Кери, Северна Каролина од 5 до 10 јуни, а победничкиот тим ќе освои 1 милион долари.

Славниот аргентински напаѓач ја заврши кариерата на 32 години откако лекарите му забранија да игра фудбал поради проблеми со срцето. Тој претходно се прослави во Манчестер Сити, поставувајќи клупски рекорд со 260 гола и освојувајќи импресивни пет титули во Премиер лигата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе