Македонија

Ахмети: Албанските партии имаат свој предлог закон за албанскиот јазик

16. февруари 2017 - 20:20 | Макфакс

„Албанските партии имаат свој предлог закон за албанскиот јазик кој е дел од платформата и нема потреба за предлог од другите“, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања.

Според Ахмети, нема временски рок до кога ќе течат консултациите и најави дека продолжува со средбите со лидерите на другите албански партии.

Генералниот секретар на Движењето за реформи–ДПА. Арбен Таравари откри дел од понудите на СДСМ, меѓу кои и предлог законот за албанскиот јазик, кој содржи 74 члена. 

Коментирај