Македонија

Ахмети-Заев: Новата влада ќе се посвети на сериозни реформи и интеграција во ЕУ и НАТО

22. мај 2017 - 20:06 | Макфакс

Лидерите на ДУИ и СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев остварија средба на која разговараа за форматот на процесот на формирањето на новата реформска влада на Македонија и предностите на новото мнозинството во земјата, соопштуваат од ДУИ.

„Лидерите на двете партии се согласија околу принципите за владеење, со што ги повторија приоритетите на новото мнозинство кои опфаќаат сериозни реформи во владеењето на правото во согласност со препораките на меѓународната заедница, интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, Охридскиот Договор и добрите меѓуетнички односи, како и отворање на нови работни места и економскиот развој заедно со развојот на животниот стандард“, се вели во соопштението на ДУИ.

„Еден од предностите на владеењето ќе биде непосредна интеграција во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ со што страните се согласија за сериозен ангажман кон постигнување на оваа заедничка цел“, додаваат од партијата.

„По принципиелното усогласување на програмата, двајцата коалициски партнери разговараа и околу распределбата на ресорите и се согласија дека новиот владин кабинет има потреба за одговорни и квалификувани кадри за продолжување на овие многу значајни процеси за нашата земја“, заклучуваат од ДУИ.

Коментирај