Акција „Брана“: Фатени дилери на дрога, поткупувале полицајци и судии (видео)

Криминална група која делувала во Македонија, но и на меѓународно ниво, е разбиена во полициската акција „Брана“ организирана во рамките на оперативната акција „Мрежа“ за сузбивање на дилери на дрога кои делуваат на национално и меѓународно ниво, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата има разузнавачки информации и докази кои укажувале на коруптивно влијание во одредени структури на полицијата и судството.

„Преку ова влијание требало да се овозможи заштита на криминалните интереси, стекнување на финансиска моќ и влијание, како и попречување и оневозможување на легитимните законски активности преземени од страна на Јавното Обвинителство и МВР, во насока на сузбивање на оваа криминална група. Во текот на истражувањето преку меѓународна полициска соработка обезбедени се информации дека членови на криминалната група делувале и на меѓународно ниво, за што дополнително се превземаат мерки околу документирање на нивните прекугранични криминални активности поврзани со недозволена трговија со дрога и перење пари“, соопштуваат од МВР.

Тројца организатори на групата во периодот од јули минатата година до јуни годинава организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање на дрога, марихуана, кокаин и екстази на територијата на Македонија. Од стекнатиот приход одреден процент добивале посредниците, но најголем дел го задржувале организаторите.

Во оваа акција осомничени се седум лица, односно против нив е поднесена е кривична пријава. Пет од осомничените лица се обезбедени, едно лице против кое ќе биде поднесена кривична пријава е веќе во притвор, а по уште едно лице се трага.

Од извршените претреси кај пет лица од кои кај тројцата организатори и двајца посредници пронајдени и одземени се поголем број на предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувања и вештачења.

Кај првиот осомничен на возраст од 33 години од Скопје пронајдена е  бела полиетиленска кеса со тревкаста растителна материја како и проѕирна полиетиленска кеса со растителна материја, воздушна пушка калибар 4.5 мм, мобилни  телефони како и други предмети.

Кај вториот на возраст од 35 години од Свети Николе, пронајдени се 31 шише и туба исполнета темно жолта течност, 16 семки од засега непознато растение, две полиетиленски пакувања со кафена прашкаста материја, мобилни телефони, и други предмети.

Кај третото лице исто така од Скопје на возраст од 35 години,  пронајдени се  две полиетиленски кеси од кои едната со растителна материја а другата со бела прашкаста материја, дигитална вага  и  49  банкноти во апоени од 1000 денари.

Кај уште две лица исто така од Скопје на возраст од 38 и 42 години извршени се претреси при што се пронајдени повеќе мобилни телефони со сим картички како и ПМВ Мерцедес со скопски регистарски ознаки.

Инаку досега во рамки на криминалистичко истражување „Брана“, во текот на 2015 и 2016 кривично пријавени и лишени од слобода се вкупно 30 лица при што запленети се над четири килограми марихуана, семки  од растението Canaabis Sativa, 75 таблети екстази, над девет грама кокаин, таблета МДМА и 1,6 мл масло од Хашиш за што се поднесени 10 кривични пријави.

Притоа досега е пријавен полициски инспектор, јавен обвинител и директор на општа болница. Криминалната група делувала на територијата на Свети Николе, Штип, Кочани, Битола, Гостивар и Скопје.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=tamGTeDZz6U]

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе