Акција „Донеси стар уред и земи ваучер за попуст!“ во општина Центар

Скопје, 17 септември 2018 (МИА) - Општина Центар веќе две години  ја организира есенската акција во рамки на проектот „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов!“. Со акцијата се овозможува собирање на отпадната електрична и електронска опрема директно од домовите на граѓаните преку ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема од целата територија на општината.

Граѓаните можат да се пријавуваат во урбаните заедници, каде на координаторите ќе им ги остават своите контакт податоци како и видот и количината на отпадот што го поседуваат. Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач „Нула отпад“ од Скопје ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот.

- За сите граѓани обезбедени се ваучери од „Техномаркет“ во вредност од 100 и 400 денари, согласно ценовникот и листата на уреди. Граѓаните можат да се пријавуваат на телефонските броеви, во три урбани заедници или во организацијата „Нула отпад“ на еко линијата – 070 236 000, соопшти општина Центар.

За граѓаните од урбаните заедници „Дане Крапчев“, „Наум Наумовски-Борче“, „Васил Антевски-Дрен“ и „Миле Арсовски“: тел. 076/496-327 од 8 до 16 часот.

За граѓаните од урбаните заедници „Мирче Мацан“, „Славе Георгиевски-Шнајдер“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и „Крњево“: тел. 076/496-329 од 8 до 16 часот.

За граѓаните од урбаните заедници „Роберт Гајдиќ“, „Боте Ботевски“, „Благоја Деспотовски-Шовељ“, „Мирче Ацев“, „Невена Георгиева -Дуња“, „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, „Кочо Рацин“ и „Боро Петрушевски - Папучар“: тел. 076/496-325 од 8 до 16 часот

- Сите граѓани што доброволно ќе се откажат од својот ваучер, сумата ќе биде донирана на социјално загрозено семејство, во вид на потребен уред за Нова година, се вели во соопштението од општина Центар.

Проектот се спроведува во партнерство со колективниот постапувач - организацијата „Нула отпад“ од Скопје, што е задолжена за собирање и комплетен третман на отпадот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе