Акција „Мрежа“: Разбиена криминална група што се занимавала со продажба на дрога

Во рамки на оперативната акција „Мрежа“ која се спроведува за сузбивање на уличното дилерство на дрога, откриена е криминална група составена од пет лица и тоа С.Р. (51), З.М.(29), М.Д. (26), М.М.(36) и З.С. (34).

По претходно добиени оперативни сознанија дека организираната криминалната група набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје, но и во други градови од државава беше спроведено криминалистичко истражување, а во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Според документираните сознанија во текот на минатата и оваа година криминалната група организирана од С.Р. која делувала на подрачјето на Град Скопје како и надвор од градот, продавала наркотична дрога кокаин за цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка. Кокаинот бил набавуван од непознато лице од Србија во помали количина, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога. Во рамките на меѓународната полициска соработка ќе се преземат дополнителни активности за идентификување на српскиот државјанин. Од страна на С.Р. како организатор на групата, биле ангажирани МД. и М.З. кои го продавале кокаинот на нарко зависници, а по продажбата редовно го известувале С.Р. за паричните средства кои биле добиени. Исто така утврдено било дека лицето М.М. исто така посредувал во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, така што кога имало потреба за продажба на дрога, го известувал С.Р. и ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе.

По претходно издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на Судија на претходна постапка извршени се претреси на пет локации.

При преземените мерки и активности во однос на извршените претреси, пронајдени и со потврда одземени се следните предмети: во домот на С.Р. одземени се една полиетиленска паковка со бела прашкаста материја, 50 куршуми 9мм, едно ПМВ Голф 5 и три мобилни телефони; во домот на З.М. одземени се четири полиетиленски паковки со непозната бела прашкаста материја; во домот на М.Д. одземени се 22 куршуми 5,56мм, реденик со 12 патрони со различен калибар,43 патрони со калибар 16мм, куршум 7,65мм, најлон кеса со непозната растителна материја, чинија со бела прашкаста материја и мобилен телефон; во домот на М.М. одземени се седум банкноти од по 1000 денари, две банкноти од по 500 денари и еден мобилен телефон.

Од слобода беше лишено и лицето З.С. од село Врапчиште-гостиварско и обезбедено од страна на полициски службеници од СВР Тетово. Исто така, во текот на криминалистичкото истражување ова лице е претходно документирано за кривично правен настан со недозволена трговија со дрога и беше одземена првата количина кокаин од 9,77 грама.

Ќе биде извршено вештачење на предметите пронајдени при претресите, а до надлежното ЈО ќе биде поднесена кривична пријава против лицата за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и истите ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка.

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе