Останати спортови

Ако го напушти УФЦ, Хабиб би можел да стане кечер

12. октомври 2018 - 11:36 | М.Д.

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, доби понуда од организацијата WWE да им се придружи ако се одлучи да ја напушти организацијата УФЦ.

Хабиб минатиот викенд го одбрани шампионскиот појас со победата над Конор Мекгрегор, кој во четвртата рунда му ја предаде борбата, а по мечот следуваше вистински хаос, во однос на тоа дека Дагестанецот ја прескокна оградата и се пресмета со членовите на тимот на Мекгрегор.

Хабиб Нурмагомедов нема да се смири со најавените казни поради хаосот кој самиот го предизвика, а вчера упати отворено писмо во кое се откажува од хонорарот, односно од настапи во УФЦ ако биде отпуштен Зубар Тухагов, еден од членовите на тимот на кој му се заканува исфрлување од оваа организација.

Оваа ситуација, моментално најдобриот УФЦ борец ја искористи за на сите да им покажe дека не му недостигаат понуди, а на Twitter објави дека од кечерската организација WWE добил повик да им се придружи.

„WWE ме прашаа да им се приклучам. Што мислите за тоа?“, ги запраша своите фанови Хабиб.

Раководството на кечерите е свесно за популарноста која би ја донел Хабиб со самото свое појавување, но сепак тешко е да се очекува дека од УФЦ би дозволиле да си замине шампионот во лесна категорија.

Коментирај