Ако се пронајдете во овие 5 особини, вие сте натпросечно интелигентни

Интелигенцијата, или IQ, го означува темпото со кое одредена личност ги преработува новите информации. Некои истражувања покажаа дека IQ се фиксира и формира во раното детство, што во принцип значи дека сте заглавени со она што го имате од самиот почеток, пишува Business Insider.

Иако многу истражувања покажале дека IQ не е единствено мерило за успех во животот (всушност не е ни блиску до најважниот фактор), високиот IQ и натаму важи за факт со кој многумина би сакале да се пофалат. И покрај тоа што е тешко да се измери точниот IQ на една личност, истражувањата покажале дека сепак постојат одредени знаци и карактеристики кои можат да покажат на тоа дека личноста е натпросечно интелигентна.

Ова се пет од нив:

Анксиозни сте
Психијатарот Жереми Коплан ги проучувал луѓето кои боледувале од од анксиозно пореметување и востановил дека оние со најтешки симптоми постигнувале повисоки IQ бодови од оние со поблаги симптоми. Друго истражување открило дека анксиозните луѓе имаат подобри вербални вештини.

Исто така, еден експеримент во израелскиот Interdisciplinary Center Herzliy покажал дека анксионите луѓе се подобри при решавањето на проблеми.

Леворак сте
Истражувањата покажале дека леворачноста е поврзана со различното размислување, особено кај машките. Иначе, различното размислување често се поврзува со креативноста, а може да се опише и како „размислување во повеќе насоки“. Тоа е знак за висок степен на интелигенција.

Како дете сте посетувале часови по музика
Бројни се истражувањата кои покажуваат поврзаност помеѓу музиката и добрите вербални вештини, како и одличните функции кои се клучни за фокусирање и самоконтрола. Во истражувањето на Силвен Морено учествувале 48 деца од 4 до 6 години. За еден час дневно петпати во неделата, за време од месец дена половина од децата го завршиле музичкиот курс, а другата половина курс по ликовна уметност. На крајот на експериментот 90% од децата кои вежбале музика покажале подобрување на вербалниот IQ.

Забавни сте
Истражувањата покажуваат цврста врска помеѓу смислата за хумор и високите вербални вештини, како и апстрактното размислување. Се чини дека хуморот е резултат на високата интелигенција.

Сите особини заедно
Ако немате ниту една од овие особини, нормално дека тоа не значи дека немате висок IQ. Но, доколку ги имате повеќето од горенаведените особини, тоа секако би можело да значи дека имате повисок IQ од просечниот. Овие особини покажуваат дека се вклопувате во она што студиите досега го откриле во врска со интелигенцијата.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе