Ако Советот денес не донесе одлука, автобусите ќе останат во гаражите – вработените во ЈСП протестираат

Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје, порача дека во ЈСП и раководството на ЈСП од 4:40 до 9 часот градскиот превоз функционирал нормално, но како ќе функционира потоа и како ќе се однесуваат вработените во ЈСП зависи од денешната седница на Градското собрание.

„Затоа се собравме денеска во голем број, да извршиме еден мал притисок врз советниците на Град Скопје, кои веќе неколку месеци ја ескивираат и не ја носат одлуката за субвенционирање на буџетот. Ако денеска седницата на советот на Град Скопје заврши онака како што вработените и синдикатите сакаат, не сакаат туку мора така да заврши, тогаш во попладневните часови или во вечерниот термин јавниот градски превоз ќе функционира нормално“, вели Стојановски.

Според него, ако парцијално биде донесена одлука, на вработените не им одговара, затоа што се ближат избори кога не ќе можат да се донесуваат одлуки, тогаш јавниот градски превоз во наредниот период ќе биде стопиран и нема да се одвива на улиците на град Скопје.

„Приватните превозници денеска возеа до 9 часот исто како нас и нема да возат сѐ додека не се договориме. Со нив сме заедно, тие зависат од цената на субвенцијата што ЈСП ја добива. Има некаде околу 400 вработени, тоа е 25% и тоа е сосема доволно бидејки тука нема простор да нѐ собере сите“, додаде Стојановски.

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Таму од 10:30 часот протестираат и ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје, закажана половина час подоцна, на која ќе се расправа и треба да се одлучи за исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.

Тагови
реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Македонија

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Read more

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Read more

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Read more
 

Вести

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Читај повеќе