За повеќето актери освојувањето на Оскар е едно од најврвните признанија во кариерата. Но, некои актери едноставно не можат да се помират само со еден Оскар, па тежнеат кон повеќе, пишува Independent.
Повеќе актери имаат освоено повеќе од еден Оскар, а некои освоиле секој пат кога биле номинирани. Најмногу номинации има Мерил Стрип, дури 20, но освоила 3 Оскари.
Годинава пет актери имаат шанса да освојат втор Оскар во кариерата и тоа се Махершала Али, Кристијан Бејл, Сем Роквел, Ема Стоун и Рејчел Вајс.
Меѓу оние кои имаат освоено повеќе Оскари се: Кристоф Волц, Кевин Спејси, Хилари Свонк, Вивиен Ли, Дајан Вест, Шели Винтерс, Сали Филд, Шон Пен, Мелвин Даглас, Елизабет Тејлор, Џин Хекман, Том Хенкс, Џоди Фостер, Џејн Фонда, Роберт Де Ниро, Џек Николсон, Ингрид Бергман и други.