Албански државјанин се обидел да силува продавачка во бутик во Кичево.
Продавачката на возраст од 39 години пријавила дека утрото околу 10 часот, непознато лице влегло во продавницата и побарало да купи јакна. Кога продавачката го услужила, лицето ѝ се доближило и почнало да ја допира по градите.
Продавачката успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија, но сторителот ја следел. Истата земала нож со намера да се одбрани.
Во моментот кога се појавила другата вработена, сторителот почнал да се извинува, излегол од продавницата и заминал во непознат правец.
Кичевската полиција привела едно лице од Албанија, а се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, исто така, од Албанија, за кое постојат основи на сомнение дека го извршил кривичното дело. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.