Албанскиот Парламент го ратификува пристапниот Протокол за членство на Северна Македонија во НАТО

Тирана, 14 февруари 2019 (МИА) – Албанскиот Парламент со 130 гласа „за“ го ратификува пристапниот Протокол за членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Пленарната седница на Собранието на Република Албанија почна со едноминутен молк во знак на жртвите од сообраќајната несреќа кај Ласкарци.

На седницата присуствуваа претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери и амбасадорот Данчо Марковски.

Спикерот Грамоз Ручи изрази задоволство што албанскиот Парламент е меѓу првите парламенти што го ратификува овој протокол и дека Северна Македонија поминала низ многу предизвици до овој момент.

-Ова пристапување се оствари благодарејќи на Преспанскиот договор меѓу двете наши соседски земји, Северна Македонија и Грција. Ова не би било можно без политичката волја и храброст и еманципација на Албанците на Северна Македонија. Ми претставува задоволство што Собранието на Република Албанија е од првите парламенти што го ратификуваат овој протокол кој ќе овозможи пристап на Северна Македонија во НАТО. Овој голем чекор беше овозможен преку Преспанскиот договор. Парламентите на двете земји покажаа голема политичка одговорност, разбирајќи дека недоразбрањето го чуваше во заложништво пријателството меѓу двете земји, како и евроатланскот пат на Северна Македонија,- рече меѓу другото Ручи. 

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе