Македонија

Албанскиот премиер Сали Бериша во посета на Македонија

9. ноември 2011 - 9:58 |

Албанскиот премиер Сали Бериша денеска ќе престојува во посета на Македонија. Предвидено е Бериша да се сретне со премиерот Никола Груевски во зградата на владата, каде претходно ќе биде одржана церемонија за пречек.

Исто така, предвидени се средби со претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети, средба со раководството на Државниот Универзитет во Тетово, како и предавање пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Коментирај