Алегри погоди со измените, Варди ги продолжи надежите на Лестер

Јувентус зачекори во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот осминафинален натпревар славеше во Порто со 2:0, додека Лестер избори поволен резултат во пресрет на реваншот со Севилја.

Просечен фудбал понудија дуелите со кои беа комплетирани првите осминадинални натпревари во Лигата на шампионите.

Јувнетус искусно, без многу ризик, ја искористи предноста од играч повеќе и славеше во Порто со 2:0. Клучниот момент на натпреварот се случи во 26. минута кога дефанзивецот на Порто Алеш Телес за неполни 40 секунди доби два жолти картони.

Италијанскиот шампион во остатокот од натпреварот одигра без ризик, трпеливо ја чекаше шансата и ја дочека во интервал од 120 секунди. Тренерот Алегри погоди со замените бидејќи Пјаца во 72-та и Дани Алвеш во 74-та ги постигнаа головите за победа.

Претходно најголемата шанса ја имаше Дибала кој го погоди дирекот.

Севилја доминираше против Лестер, но на крајот англискиот првак задоволен го напушти „Санчез Писхуан“.

Севилја упати 22 удари кон голот на Шмајхел кој блескшае на овој натпревар. Данецот во 14-та минута му одбрани пенал на Кореа. Првиот гол го постигна Сарабија во 25-та минута, а вториот Кореа во 62-та по акцијата на Јовентиќ.

Лестер успеа да намали од единствената вистинска акција, Дринквотер нафрли од левата страна по земја, а Варди рутински го совлада Серхио Рико во 73-та минута. Овој гол беше прв за Варди во Лигата на шампионите.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе