Алегри: Уште не сме мртви!

Јувентус е на чекор да испадне во осмина финалето од ЛШ по вчерашниот пораз од 2:0 од Атлетико Мадрид.

Италијанскиот првак ја чека европската титула од 1996 година, а има изгубено рекордни седум финалиња.

Токму поради тоа, „старата дама“ е под голем притисок и со голема фрустрација игра во ЛШ, а секој нејзин пораз ривалските клубови во Италија го дочекуваат со големо задоволство.

Не е тајна дека овој Јувентус е така составен за да може да освои сѐ. Минатото лето стигна и Кристијано Роналдо.

Меѓутоа, Атлетико Мадрид веќе петта година е најверојатно најдобрата екипа на светот и во двата натпревари, што го покажа и вчера кога речиси го прегази противникот од Торино во второто полувреме.

Иако е во тешка ситуација, Јувентус не се откажува и верува дека може да ги надомест двата гола пред своите навивачи.

„Во првото полувреме бевме многу добри, но во второто дозволивме Атлетико да ја води играта. Беа агресивни и можеа да забијат уште некој гол. Одлично се бранеа и нѐ изненадија. Но, нема смисла да плачеме сега по истурено млеко. Разочарани сме, но веруваме дека ќе поминеме. Ни треба одличен камбек, совршена претстава, а тоа е можно само ако навистина веруваме“, беше јасен тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри, а потоа на сите им упати кратка и јасна порака:

„Уште не сме мртви!“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе