ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Алексис Санчес го раскина договорот со Интер и доаѓа кај Тудор

Милански Интер со заедничка согласност го раскина договорот со чилеанскиот напаѓач Алексис Санчес, соопштија од клубот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека 33-годишниот Санчес на слободен трансфер ќе му се приклучи на француски Олимпик од Марсеј, предводен од хрватскиот тренер Игор Тудор.

Санчес одигра 109 натпревари и постигна 20 гола во сите натпреварувања откако дојде во Интер од Манчестер Јунајтед во 2019 година, но ретко беше во стартниот тим минатата сезона.

„Клубот сака да му се заблагодари на Алексис од сѐ срце за последните три сезони, во кои 'Нераѕурите' освоија три големи трофеи и му посакуваме сè најдобро во неговата понатамошна кариера“, се вели во соопштението на Интер.

Поранешниот напаѓач на Барселона и Арсенал, кој одигра 146 натпревари за чилеанската репрезентација постигнувајќи 48 гола, го освои Скудетото со Интер во сезоната 2020/2021, што беше прва шампионска титула за Интер  после 11 години, а минатата сезона му помогна на клубот да победи во Купа Италија и Суперкупот.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе